Отворен повик · 18–30 години

Youth Jury 2026

Работилница за филмска критика за шест млади од Македонија на возраст од 18 до 30 години, декември 2026 во Прилеп. Пријавете се до 30 ноември.

Рок за пријавување: 30 ноември 2026 г.

Пријави се ↗

Пријави се преку формуларот ↗

Youth Jury е едукативна програма организирана од Winter Apricots – Меѓународен филмски фестивал Прилеп, наменета за шест млади учесници од Македонија на возраст од 18 до 30 години, коишто се заинтересирани за филмот, пишувањето, визуелните уметности и критичкото размислување.

Преку филмски проекции, дискусии и практични вежби за пишување, учесниците ќе истражуваат различни пристапи кон филмската критика и ќе ги развиваат своите вештини за анализа на филм, критичко размислување, аргументација и самостојно пишување.

Изданието за 2026 година ќе се одржи во декември во Прилеп, во рамките на 11. издание на Winter Apricots. Програмата опфаќа онлајн подготвителна работилница и тридневни активности со физичко присуство за време на Фестивалот.

Работејќи со филмовите од натпреварувачката селекција за кратки филмови и програмата Screendance, учесниците ќе бидат водени од етаблираните филмски критичари Влатко Галевски и Леонардо Страно. Ќе се запознаат со различни критички пристапи, вклучувајќи ги и начините на пишување за документарниот филм, Screendance програмата, како и другите нехибридни наративни и нефикциски филмски форми.

Покрај едукативната програма, учесниците ќе ја преземат и улогата на филмско жири, заеднички оценувајќи ги избраните филмови и одлучувајќи за наградата Winter Apricots Youth Critics' Award, која ќе биде доделена за време на Фестивалот.

Секој учесник/чка ќе подготви и сопствен критички текст. Текстовите ќе бидат уредени и објавени во мал фанзин, што ќе им овозможи на учесниците да ги споделат своите ставови и размислувања со пошироката публика.

Целта на работилницата е учесниците да стекнат практично искуство во филмската критика, пишувањето и заедничкото донесување одлуки, создавајќи простор за нова генерација независни критички гласови.

Зошто да се пријавите на Youth Jury?

  • Ќе истражувате кратки, документарни и Screendance филмови преку организирани проекции и дискусии.
  • Ќе ги подобрите своите вештини за критичко пишување преку практични вежби и повратни информации од искусни филмски критичари.
  • Ќе разменувате идеи и различни толкувања со други млади луѓе заинтересирани за филмот.
  • Ќе станете дел од филмско жири и заеднички ќе одлучувате за наградата Winter Apricots Youth Critics' Award.
  • Ќе имате можност да објавите сопствен критички текст во фестивалски фанзин.
  • Ќе запознаете филмски автори, критичари и други филмски професионалци во рамките на Winter Apricots.

Учесници

Отворениот повик е наменет за шест учесници од Македонија на возраст од 18 до 30 години, кои се љубопитни за филмот и заинтересирани за развивање на своите вештини за критичко размислување и пишување.

Претходно искуство во областа на филмската критика, новинарството или академски студии за филм не е потребно. Добредојдени се пријави од кандидати со различни искуства и интереси, вклучувајќи филм, литература, визуелни уметности, филозофија, медиуми и културни студии.

Најважни се љубопитноста, интересот за филмот, отвореноста кон различни перспективи и подготвеноста за активно учество во дискусии и заедничка работа.

Работни јазици на работилницата се македонскиот и англискиот јазик.

Важни датуми – 2026

Рок за пријавување: 30 ноември 2026

Онлајн подготвителна работилница: декември 2026 (датумот ќе биде дополнително објавен)

Работилница со физичко присуство: 9–12 декември 2026, во рамките на 11. издание на Winter Apricots – Меѓународен филмски фестивал Прилеп, Прилеп, Македонија

Доделување на наградата Youth Critics' Award и презентација на фанзинот: во рамките на фестивалот

Пријави се преку формуларот ↗

← Отворени повици